Гимназијалците ја продолжија иницијативата на професорот Цветкоски и ја заокружија годината со акцијата „Подари компјутер“
декември 31, 2024

Охрид, 31. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – И оваа календарска година ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ ја завршија со поправени и подарени компјутери на социјално ранливите категории, иницијатива на професорот по информатика Дарко Цветкоски.

Истата ја реализираа гимназијалците, кои во текот на целата година собираат и поправаат компјутери и компјутерска опрема, што на крај, завршуваат во рацете на оние на кои им се најпотребни, а немаат услови да си го овозможат тоа.

– Силата ни е во заедништвото, вели професорот Цветкоски и додава дека оваа акција, која започна во 2022 година, ќе станува уште поголема.

– Оваа година на нашите хумани ученици им се придружи и Младинската заедница од нашата Гимназија. Го поздравуваме и го поддржуваме овој хуман гест на нашите ученици и им посакуваме успешна работа и во наредната година, порачаа од ОСУ „Св. Климент Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука