Охрид, 17. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските гимназијалци напролет планираат да ја изведат претставата „Стапица за глувци“, според делото на романсиерката и драматург Агата Кристи.
– Гимназијалци, доколку сакате да глумите во оваа мистерија за убиство напишана од Агата Кристи, дојдете на аудиција. Скрипта може да набавите во училница 20, кај професорката Ана, стои во информацијата од Гимназијата.
Додаваат дека аудицијата ќе се одржи на 23-ти декември. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 124