Охрид, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, со поддршка на Општина Охрид, учествуваа на манифестацијата „Денови на демократска култура“ во Белград.
Настанот се одржа во организација на Земунската гимназија, а е дел од проектот на Советот на Европа „Развој на демократската култура во училиштето”.
Нашите ученици беа дел од тркалезната маса на тема „(Не) постои Ученички парламент’’на која учествуваа гимназијалци од Македонија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Србија.
На манифестацијата охридските ученици Ковачески Кирил, Спростран Петар, Емилија Кацелиновска, Викторија Војнеска и Ивона Јанкулоска под менторство на професорите Рената Арнаудова и Стефан Каневчев, зедоа активно учество во работата на округлата маса како и во текот на дебатата.
Во текот на манифестацијата беше отворена дебата на тема – (Не)видливост на Ученичкиот парламент и партиципација на учениците во животот на училиштата, за важноста од постоење на ученичкиот парламент , факторите кои влијаат на стабилноста на еден Ученички парламент како и законските оквири кои го дефинираат работењето на парламентот.
Манифестацијата беше пропратена и со интересни културни програми кои вклучуваа посета на Општината Земун, посета на “Музејот на современата уметност” , организирани работилници како и големо дружење мегу парламентарците. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива