Скопје, 25. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен PCR Covid-19 тест од 10 на 7 дена.
Истата е доставена до Владата и за неа треба да биде дискутирано на следната владина седница, информира владината прес-служба.
На седницата на Главниот штаб министерот за здравство Беким Сали ја презентирал актуелната состојба со пандемијата предизвикана од Covid-19.
Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести поради, како што наведуваат од Владата, полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23