ноември 5, 2017

Охрид/Велес, 5. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари успеаа со победа да се вратат од гостувањето кај Борец.

Во рамки на седмата рунда во Супер лигата, тие на незгодниот велешки терен се покажаа одлично и победија со резултат 26-20, на полувреме 17-11.

Во следното коло нашите ракометари ќе играат дома. Во спортската сала „Билјанини извори“ иднот викенд тие ја пречекуваат екипата на Прилеп. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука