Охрид, 28. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари вечерва на домашен терен ја пречекуваат екипата на Радовиш.
„Гладијаторите“ се четврти на табелата со 6 бодови од две победи и еден пораз. Место подолу со идентичен скор се и радовишани.
Охриѓани сега повторно одат на победа со оглед на тоа што како предност го имаат домашниот терен.
Натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ од 19:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 66