октомври 16, 2019

Охрид, 16. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари подготвени за вечерашниот натпревар против Бутел Скопје, за заокружување на шестата рунда во Супер лигата.

„Гладијаторите“ со 12 бодови и трето место на суперлигашката табела одат во нов поход по три бода.

– Свесни сме дека противничката екипа е добра, но од друга страна ние имаме 4 победи по ред, играме на домашен терен и се надевам дека овие предности ќе успееме да ги валоризираме. Оваа сезона имаме повеќе нови играчи, нови засилувања, комплетната бековска линија е нова, а тоа подразибира и дека ни треба повеќе време да се уиграме. Задоволни сме и засега успеваме да одиме по зацртаниот пат, кој се надеваме ќе не одведе до плеј-офот, рече Крсте Андоноски, капитен на РК „Охрид“, кој беше гостин во емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио.

Натпреварот ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука