јануари 6, 2017

Охрид, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот продуцент, режисер и музичар Даниел Јовески го одбележа јубилејот, 5 години од неговата работа, со интересна акција, односно конкурс каде преку гласање се определија имињата на дел од македонските музичари, за кои тој ќе изработи бесплатни песни и музички спотови.

– По повод пет години од мојата успешна работа, наградена на балканско ниво, одлучив да ја освежиме македонската естрада, на тој начин што ќе направивме online гласање, на кое вие одлучувавте и изгласавте 5 македонски пејачи/групи: Перо Пандилоски, Антонио Тасески, Само Тони и две жени, Филип Божиновски и Нена Мицева, кои ќе добијат подарок по еден видео спот и песна/аудио запис. Исто одлучив и другата петка под нив да ги исконтактирам Александра Јанева, Даниел Кајмакоски, The Backdoor Band, Боби Мојсовски и Влатко Лозаноски и да им предложам еден проект за кој ако се сложат би било многу убаво за македонската музика, вели Даниел и им посакува среќни новогодишни и божиќни празници на сите и порачува „да ја негуваме македонската музика“.

danielglasanjeВидеата изработени под режисерска палка на Јовески се прегледани повеќе од 26. милиони пати на сервисот YouTube. Покрај за македонските музичари, Даниел изработува видео спотови и за бројни уметници надвор од границите на Република Македонија, за што се закити и со награди на познати фестивали и манифестации во Албанија и Црна Гора. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука