Охрид, 28. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Фестивалот „Охридско Лето“ вечерва во Охрид ќе се одржи концертот на „Гласот на Јунан“ – светската атракција од Кина.
Овој музички ансамбл од Пекиншката академија на традиционалната музика вечерва ќе одржи два концерти во Скопје.
– Кинеската музика може да се пофали со историја која се протега и до неколку илјади години во минатото, а токму провинцијата Јунан е позната по исклучително високиот степен на етничка разноликост. Тука припаѓаат најголемиот број на етнички групи помеѓу провинциите на Кина. Од 56-те официјално признати етнички групи на Кина, дури 25 се наоѓаат во Јунан, велат од „Охридско лето“.
Билетите за концертот се по цена од 200 денари. Концертот ќе биде во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива