Охрид, 26. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Годинава Народен театар Охрид доби поддршка за реализирање на два нови театарски проекти.
Станува збор за претставата „Аналфабет“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорги Ризески и „Бал“ од Бертолд Брехт, која ќе се реализира во режија на Андреј Цветановски.
Дополнително театарот ќе изготви уште два проекти, од кој едниот е претстава за деца. Детското драмско студио продолжува со работа од февруари, а премиерата на театарската претстава ќе биде во март.
– Уште еден проект ќе треба да се случиво април, а чија премиера би требало да биде на крајот на мај. Годината би ја завршиле со „Бал“ на Брехт и уште една детска претстава која ќе излезе некаде кон средината на декември, најави директорот на Народниот театар, Горан Стојаноски.
Освен во театарскиот дел, Центарот за култура доби поддршка и за други проекти. Како и секоја година Балканскиот фестивал на народни песни и игри ќе се одржува во јули, потоа ќе се одржат Староградските средби и Прличевите беседи. Добиена е фолклорна поддршка и средства за активностите на хорот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес