News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 14, 2024

Охрид, 14. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, на 19-ти ноември 2024 година, во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи охридскиот дел од големата стенд ап турнеја на познатиот Марјан Георгиевски.

Тој е еден од првите стенд ап комичари во Република Македонија, кој конечно, по цели петнаесет години прави ваков исчекор на задоволство на публиката.

Турнејата е насловена „За македонските работи“ и покрај во Охрид ќе имаат можност да ја видат граѓаните од повеќе градови ширум државата.

– Ова е текст кој се бави со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатото, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е за сите нас кои што останавме овде, но и за оние кои заминаа. Ветувам едно поинакво сценско доживување со новитети кои не се користат во стенд ап настапите кај нас, вели Марјан.

Билетите по цена од 300 денари можат да се купат во А2 тобако и Даблин Паб во Охрид.

– Побрзајте, повеќе од 200 билети се веќе продадени, потенцираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука