Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Mr.I покренува акција за собирање помош за семејството Садик, чиј дом изгоре неодамна во големиот пожар кој ја зафати семејната куќа.
Оваа сабота со почеток во 14:00 од Mr.I најавуваат целодневна забава со цел да се соберат средства за помош на нашите сограѓани.
За забавата ќе се погрижат: The Backdoor Band, Ѓоко Танески, Betty`s Boobs, Богдан Василески, како и DJ Јуксел, DJ Јане, DJ Face, DJ Гец, DJ Марио, DJ Јовче и DJ Тони.
– Охрид е хуман, да помогнеме уште еднаш сите заедно, порачуваат од Mr.I. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35