јануари 5, 2020

Охрид, 5. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Следејќи ја традицијата, денес голем број православни верници од Охрид, ја искористија можноста за пловење со брод по промотивни цени до манастирот „Свети Наум“ по повод празникот посветен на светителот чудотворец.

Меѓу граѓаните има претставници од сите генерации. Бродовите „Александрија 1“ и „Александрија 2“ утрово запловија кон манастирот по симболична цена од 100 денари, овозможувајќи им на заинтересираните граѓани да присуствуваат на утринската молитва и воедно да го посетат локалитетот.

Свети Наум освен што е еден од најзаслужните за ширењето на словенската писменост и култура, е голем чудотворец. За неговите чуда, во житијата се вели дека се бројни, како ѕвездите на небото. Светителот е покоен во манастирот на денешен ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука