Охрид, 27. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Светски познатите диџеи „Afrojack“ и „Hardwell“како и легендарната балканска музичка атракција „Бијело Дугме“ ќе настапат на второто издание на „Ohrid Calling 2017“ што ќе се одржува на 1-ви и 2-ри и 4-ти август на стадионот „Билјанини извори“.
– Овој фестивал за кратко време стана препознатлив бренд во Македонија и на Балканот, рече Ивана Нолчева Плавевска, ПР на Авалон продукција.
– Ваквите настани го етаблираат Охрид на мапата на фестивалски градови. Верувам дека од година во година фестивалот ќе добива на квалитет, масовност и популарност, рече раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.
Денис Илиоски од продукцијата „Авалон продукција“ истакна дека продажбата на билетите за концертите во склоп на вториот „Ohrid Calling“ оди мошне добро. Интерес за посета на Охрид пројавиле голем број гости од цела Европа, така што се очекува за време на фестивалските денови Охрид да биде полн со туристи.
За загревање на атмосферата на први август ќе настапатDuoZ и специјалниот гостин Kortexx, а забавата ќе биде заокружена со сетот на охриѓанецот DJ Alexandar. На втори август пак, поддршка на Hardwell ќе дадат Cyrillic и Galoski.
Организаторите се децидни дека ќе се направат напори во рамките на овој фестивал да има повеќе настани и од следната година да има и дисперзирани датими, да не е опфатен само периодот околу празникот Илинден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива