Скопје, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Предводниците на македонската ар-ен-би / поп сцена ( Панчо и Андреј ) и официјално го најавија својот голем славенички концерт кој ќе се одржи на 12 мај.
Концертот ќе се одржи во „Метрополис Арена“ во Скопје. Овој концерт на ДНК е одбележување на 15 години од нивното постоење на македонската музичка сцена, но воедно и концертна промоција на нивниот најнов албум „Уште еден ден“ (мај, 2016). На големиот концерт во Скопје, ДНК во придружба на својот бенд ќе ги изведат последните музички остварувања и сите останати хитови од нивниот 15-годишен репертоар кои денес бележат и милионски прегледувања на нивниот официјален „Јутјуб“ канал, како: „Срце“, „Што сака нека биде“, „Север и Југ“,„Она е од шутка“, „Авион“, „Само таа знае како“, „Најмила“, „Стојам сам“, “Полна Месечина”, “Навлечен на Тебе”, “Пази се од Мене”…
На три часовното шоу , друштво ќе им прават и сите колеги со кои во својата 15-годишна кариера имаа соработки. Браќата Тавитјан, Тамара Тодевска, Магдалена Цветковска-Ена, Роберт Билбилов, Дарко Илиевски… се само дел од домашните музички имиња кои ќе настапат на сцената во Метрополис арената на 12 мај (петок).
За загревањето на атмосферата ќе се погрижат Хип Хоп диџеите: Irie Scratch,Fitty Flow и Диџеј Nasty.
Билетите може да се набават по симболична цена преку продажната мрежа на МКТИКЕТС:
До 24-ти април – 200ден; од 25-ти април – 300ден
Фан Пит: до 24-ти април – 300ден; од 25-ти април – 400ден
Вип: до 24-ти април – 400 ден; од 25-ти април – 500ден
Концертот е во организација на ДНК и Горила продукција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива