Скопје, 20. октомври 2014 (ИНПРЕС) – „Засекогаш“ е новиот заеднички сингл на Горан Папаз и пијанистот Диран Тавитјан.
Како и на претходните нумери, комплетен автор и продуцент повторно е Александар Масевски.
– Соработката помеѓу Папаз и Тавитјан беше долго планирана и конечно се случи со оваа нумера која пак ќе биде круна на овој проект, кој се работи веќе цели две години, информираат од креативниот тим од каде најавуваат дека следно од соработката на Папаз и продуцентот Масевски е издавање на првиот албум на Горан Папаз. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
Прочитано: 47