Охрид, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Звукот на саксофонот на охридскиот музичар Горан Папаз, облагороди уште една кавер верзија на светски познат музички хит.
Актуелниот поп-госпел хит на британскиот музичар Sam Smith – „Stay With Me“ доби нова верзија, која ја направи Папаз. Официјално вчера беше пуштен новиот сингл на кавер-верзијата на Папаз. во времетраење од 2 минути и 52 секунди.
Верзијата на Папаз е снимена во студито Lab Studio, а како инженер на звукот се јавува македонскиот музичар Александар Масевски.
Папаз досега има направено одлични кавер-верзии на познати странски и македонски хитови, покрај авторската музика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Goran Papaz
https://www.youtube.com/watch?v=HAALhcyaTGw
Прочитано: 24