Охрид, 2. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување на градежни активности на магистралниот пат А2 Кичево-Охрид, на потегот од „Пресека“ до селото Песочан, сообраќајот се одвива отежнато.
– Од денес поради асфалтирање наместа сообраќајот ќе се одвива со девијации, односно преминување од една во друга коловозна лента за што ќе биде поставена соодветна соообраќајна сигнализација. Работите ќе се изведуваат во текот на наредните 10 дена, информираат од АМСМ. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива
Прочитано: 25