Струга, 28. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Во неколкудневна посета на Општина Струга деновиве престојува делегација од Општина Синџан – Анкара, Турција.
Делегацијата предводена од градоначалникот на Синџан Мустафа Туна, оствари средби со градоначалникот на Струга Зијадин Села, како и со претставници на Локалната самоуправа и на јавните претпријатија.
Се работи за возвратана посета која беше договорена во март годинава кога во Турција престојуваа претставници на Општина Струга.
– При таа посета на нашата делегација предводена од градоначалникот Села, беше потпишан и Меморандум за збратимување на двете општини. Градоначалникот Села ги запозна претставниците на Синџан со неколкуте турски инвестиции во градот, а искажа и волја за инвестирање во зимскиот туризам, велат од Општина Струга.
Одлуката за збратимување на двете општини, Советот на Општина Струга ја донесе на 29-ти септември годинава. Се очекува да се продлабочи меѓуопштинската соработка во повеќе области, меѓу кои и во културата и туризмот. (Крај/А.Р.)
извор: ОхридПрес фото: архива