Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во посета на Општина Охрид
декември 23, 2024

Охрид, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска беа во протоколарна посета на Општина Охрид.

На средбата со градоначалникот, д-р Кирил Пецаков, гостите од Турција го изразија својот восхит од убавините на Охрид и гостопримливоста на охриѓани.

– Заеднички се разгледуваа можностите за соработка на двете општини во повеќе области. Се разговараше и за начинот на функционирање и ингеренциите на локалнта власт, а стана збор и за процесот на децентрализација на власта по чие целосно завршување под капа на општината би биле неколку културни институции, примарното здравство и полиција, инфомрираат од локаланата самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука