Градоначалникот Пецаков се обрати на 27. Конгрес на Друштвото на хемичари и технолози за климатски промени
септември 26, 2024

Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, денеска се обрати на 27. Конгрес на Друштвото на хемичари и технолози за климатски промени.

– Особено сум горд што Охрид е избран за град каде се одржува овој значаен настан. Вредностите на овој древен град, во осумдесетите години од минатиот век ги препознала меѓународната стручна јавност и на нивни предлог Охрид и Охридското Езеро, како природно и културно наследство од светско значење се заштитени од УНЕСКО. Посебно треба да се истакне уникатноста на Охридското Езеро и неопходноста од негова заштита. Сето тоа е голема чест, но и голема одговорност во пристапот на заштитата на вековното природно и културно богатство, истакна Пецаков,

Додава дека е уверен дека преку презентациите на научните согледувања и дебати, во текот на овие два дена, ќе придонесат за подигнување на јавната свест за значењето на климатските промени и нивното влијание. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука