ноември 14, 2017

Охрид, 14. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот Јован Стојаноски денеска ја оствари својата прва работна средба  со претставници  на Здруженијата на граѓани од областа на спортот, културата и младите, како и со претставници на други невладини организации.

Првиот човек на градов пред присутните  ја претстави својата  визија и начинот за работа со  здруженијата и организациите, а тие ги доставија своите предлози, иницијативи, програми  и планови за работа за 2018 година.

Jovan sredba

sredba nevladini 2

Се дискутираше и за можните решенија на проблемите  со кои тие  се соочуваат во текот на работењето.

На крајот на средбата беше заклучено дека дел од предложените активности  на овие здруженија ќе  бидат дел од програмите за работа на надлежните сектори при општина Охрид. (Крај)

извор/фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука