март 27, 2018

Охрид, 27. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со босанската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ.

На средбата се разговараше за остварување меѓусебна соработка на повеќе полиња.  Се разговараше за интензивирање на соработката во туризмот, односно, подобрување на понудата за остварување на се повеќе балкански тури. Понатака, градоначалникот и амбасадорката, разговараа и за остварување на соработка во областа на културата, односно, гостување на босански уметници на „Охридско лето“.

На средбата стана збор и за продлабочувањето на меѓусебните односи со градот Мостар, со потпишување на меморандум за соработка.(Крај)

извор/фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука