мај 2, 2018

Охрид, 2. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Зајакнување на меѓусебната соработка како и зголемување на бројот на холандските туристи на охридската ривиера, со надеж дека нивниот број ќе достигне 30.000 на годишно ниво. За ова меѓу другото станало збор на работната средба на охридскиот градоначалник Јован Стојаноски и амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Вилем Воутер Пломп.01_05_2018_Holandski_ambasador_1

На состанокот беа разменети мислења околу создавање туристичка понуда во Охрид надвор од главната туристичка сезона за што се разгледуваа можностите за изградба на велосипедска патека околу езерото, а беше подвлечено дека холандскиот народ е голем пријател на природата.Во тој контекст градоначалникот Стојаноски подвлече дека за општината особено значајно е да се сочува и заштити природното богатство во Охрид меѓу кое е Студенчишкото блато.

На средбата беше заклучено дека јавниот, приватниот сектор и научната фела заедно можат во голема мера да допринесат во создавање на проекти кои се за доброто на Охрид. (Крај)

извор:  ОхридПрес фото: општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука