февруари 19, 2018

Охрид, 19. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, ќе ја предводи општинската делегација на 40-от Саем за туризам во Белград, Република Србија.

Туристичкиот саем ќе се одржува од 22-ри до 25-ти февруари, а потенцијалите на Охрид ќе бидат презентирани на македонскиот штанд на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Во Белград патуваат претставници на секторот за туризам и локален економски развој, на туристичкиот еснаф како и на ХОТАМ.

Овој саем се издвојува како особено значаен за Охрид, со оглед на тоа што најголемиот број на туристи во градов се од Србија.

turistiohridТокму заедничките настапи на Охрид со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на саемите за туризам беа во фокусот на средбата на градоначалникот Стојаноски и претставници на Агенцијата. Покрај на саемот во Србија, соработката за промоција ќе продолжи и на саемите во Хрватска и Германија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука