Охрид, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделник, 1. јули 2024 година, Градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде отворен за користење.
Рекреативното користење на базените ќе биде во периодот од 13:00 до 19:00 часот за големиот базен и од 13:00 до 17:30 часот за малиот базен.
– Утринските часови и дел на попладневните часови во големиот и малиот базен се резервирани за пливачките школи. Дневниот билет за рекреативно користење, согласно правилникот за цени на претпријатието, е 100 денари, информираат од ЈП „Билјанини Извори“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 41