Дојран, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Штрајкот на грчките земјоделци продолжува, а граничниот премин „Евзони“ и натаму останува затворен веќе втора недела.
Во земјава цистерните со нафта влегуваат преку премините Меџитлија, Делчево и Ново Село. Иако овие алтернативни премини ги зголемуваат трошоците за транспорт, нафтоводот Солун- Скопје и натаму останува затворен. Од рафинеријата „Окта“ велат отворањето на овие премини за влез на цистерни со нафта не е доволно за да се обезбеди целосното количество на нафтени деривати во земјава.
Од друга страна штети од блокадите на грчките земјоделци, освен нафтената иднустрија, трпи и рударството, металургијата, фармацијата и прехрамбената индустрија.
Алтеративните премини Дојрани, Меџитлија и Ново село( Бугарија) според пресметките на превозниците не се исплатливи, бидејќи се подалеку, а Дојрани нема доволно капацитет поради што транспортот се одвива бавно. Во меѓувреме се доцни со пратките кои тешко стигнуваат до партнерите, а штетите и трошоците паѓаат на терет на македонските компании.Пред неколку дена од Европската комисија изјавија дека ја состојбата со македонската граница. (Крај)
извор: А1он фото: архива