февруари 28, 2017

Скопје/Охрид, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните ќе имаат увид во урбанистичките планови на целата територија на државата.

Новата електронска алатка – Графичкиот регистар на Агенцијата за катастар на недвижности, овозможува секој граѓанин да може да ја провери својата парцела и што е предвидено да се гради во неговата парцела или соседството. Преку новата услуга бизнис компаниите може да видат кое земјиште е слободно и која е неговата цена.

Графичкиот регистар овозможува и историски преглед на секој урбанистички план. Достапни се и информациите содржани во урбанистичкиот план за секоја градежна парцела исто така и која градежна парцела е слободна или веќе реализирана.

Преку веб порталот, планерот може да види од кои катастарски парцели е составена секоја градежна парцела, како и податоци за сопственоста на катастарските парцели од кои е составена градежната парцела. Инаку во Графичкиот регистар на градежно земјиште се внесени вкупно 47.638 градежни парцели. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука