Охрид, 22. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress, преку допис до нашата редакција апелираат до одговорните да се исчисти ѓубрето кај „Св. Стефан“.
– Излеговме на прошетка покрај езеро кај болницата „Св. Стефан“ и бевме многу разочарани од тоа што го видовме. Несовесни граѓани оставиле најлони полни со ѓубре кое најверојатно наскоро ќе биде разнесено насекаде од кучињата. Ова е срам за нашиот Охрид и туристите кои ни доаѓаат. Потребна ни е кампања за поттикнување на свеста за чист Охрид, стои во дописот.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 52