Охрид, 4. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија и ги мобилизира своите капацитети за прием на помошта (во овој момент флаширана вода, средства за хигиена), во магацинските простории на Црвен крст Охрид.
Црвен крст Охрид упатува голема благодарност до граѓаните за интересот и подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите.
Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите.
Својата донација заинтересираните потребно е да ја најават во Црвен крст Охрид, на телефон 046 / 261-909 или 070 / 315-309 од каде ќе добијат насоки за преземање на донацијата
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
Жиросметкана Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијалнабанка
Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
извор: ОхридПрес фото: архива