мај 8, 2018

Охрид, 8. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните кои претрпеа штети од невремето проследено со ветер, силен дожд и град што викендов го зафати Охрид, веќе од денес можат истите да ги пријават во просториите  на општина Охрид.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во Општинскиот услужен центар, во архива на општина Охрид, или на телефонскиот број 046/262-493 локал 206.

Лице за контакт е претседателот на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди,  Радован Вељаноски.

Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист), а доколку лицата поседуваат фотографии од нанесена материјална штета на нивните имоти (земјоделски површини засадени со култури, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори) истите да ги приложат кон барањето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука