Скопје, 23. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ги повика ВМРО-ДПМНЕ на седница на Собрание со две точки на дневен ред, прва за уставни измени и втора точка распуштање на Собранието и предвремени избори.
– Знам дека и премиерот Ковачевски, претседателот на СДСМ, ќе се сложи со ова, и господинот Ахмети исто така. Да одиме на седница на Собрание со само две точки на дневен ред. Прва точка уставни измени, втора точка распуштање на Собранието и предвремени избори. Бујрум нека влезат нека гласаат, да одиме на избори, изјави Груби вечерва во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на телевизијата „Канал 5“.
Еве компромис, порача Груби, повикувајќи ги да се охрабрат да направат таква одлука и да излезат на избори.
Запрашан дали е можно да се спојат претседателските со парламентарните избори, Груби рече дека ќе видат.
– Ќе видиме дали ќе се спојат, една година разлика, од денеска, па до март 2024 година, посочи Груби. (Крај)
извор: локално.мк фото/видео: Канал 5