јули 15, 2024

Охрид, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Јапонската инструментална група Eyrie го претстави својот деби албум „Phoenix“ прославувајќи 70 години од истоимената манга напишана од познатиот Osamu Tezuka.

Иницијаторот на модерната манга ги инспирираше сите десет нумери од овој албум, а секоја песна носи одредена сцена преку својата музичка интерпретација.

– На овој албум има приказни кои живеат од ден на ден како и ние, како и многу животи кои се надвор од човечките суштества. Дури и пред илјада години и по уште илјадници кои се пред нас, луѓето ги имаа и ќе ги имаат истите емоции како нас, напишаа од бендот на својот официјален Instagram профил.

Клавијатуристите Eiko Suzuki и Rina Kohmoto, заедно со тапанарот Takuto Yamachika, влегоа во светот на инструменталната музика во 2021 година, објавувајќи голем број синглови, а на крајот следеше студиско издание со десет песни.

Сите тројца членови на бендот дипломирале на Универзитетот Беркли и имаат исклучително музичко образование.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука