Атина, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Грција доставила листа на предлози за реформи на своите кредитори.
Мерките вклучуваат борба против даночното затајување и борба со шверцот на гориво и цигари. Се очекува Алексис Ципрас да направи дополнителни кратења во својот јавен сектор. Вклучени се исто така промени во однос на работните договори. Во исто време Грција ќе се обиде да се справи со последиците од долгите години штедење.
Предвидено е обезбедување на осигурените лица, невработените граѓани со станбени гаранции и бесплатна медицинска помош. (Крај)
извор: Катимерини фото: архива
Прочитано: 23