Атина, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Грција ја исплаќа првата рата од 310 милиони евра.
До крајот на овој месец властите во Атина треба да вратат вкупно 1,5 милијарди евра на ММФ.
Останатите три рати треба да бидат исплатени на 13, 16 и 20 март.
Последниот договор со доверителите на Грција за нејзиниот недостигот на средства, р поради падот на приходите. За еден месец финансиските потреби изнесуваат околу 4,5 милијарди евра. Од нив 1,5 милијарди евра се за исплата на пензии и плати во јавниот сектор.
Гувернерот на Грчката централна банка Јанис Стурнарас соопшти дека следната недела ќе има средба на министрите за финансии од еврозоната. (Крај)
извор: Катимерини фото: архива
Прочитано: 21