август 20, 2019

Охрид, 20. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Охрид Лихнидос утре од 17:00 часот на стадионот „Билјанини извори“ ќе играат против екипата на струмичка Беласица, во рамки на фудбалскиот Куп на Македонија.

Овој натпревар ќе дојде како одлична увертира за охридските фудбалери на кои в сабота ги започнуваат мечевите од есенскиот дел во Втората лига Запад. Прв противник ќе им биде тимот на Велазерими 77 од Кичево.

По осум сезони, Охрид е повторно во второлигашкото фудбалско друштво. Во новата сезона тимот оди засилен со четворица фудбалери, Љупче Трпески, Александар Целески, Мартин Лекоски и Вецко Вренцоски и голманот од Победа, Даниел Котевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука