декември 27, 2017

Охрид, 27. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Градски гробишта“ од Охрид излегоа со официјално соопштение во врска со последните информации објавени во дел од медиумите, а во кои, според нив, „некој дрско се поигрува со чувствата на семејствата инволвирани во истите“.

– Според компјутерската евиденција на претпријатието, станува збор за местото со шифра XI/08/19/05 кое нема старател и за кое нема податоци дека е извршен погреб. Дополнително Ве информираме дека за тоа место не се плаќа гробарина и со тоа нема податоци на кого да се испраќа сметка за гробарина. Изминатиот викенд, бесправно на гробното место е донесен крст. Предходно крстот не постоеше. При ископот, гробното место беше без никакви верски обележја, плоча и дека тука е закопано некое лице. Евидентиран е метален ковчег кој е оставен да стои. Воедно, Ве информираме дека ова ЈП приходите ги остварува со продажба на гробни места, и токму затоа ни е должност да знаеме со колку гробни места располагаме. Напоменуваме дека нема фамилија за да има ексхумација, ниту пак такво барање. Нема скренавење на гробот, затоа што нема што да се искрши, нема плоча, крст и сл. На граѓанинот за кој се посочува во веста, му беше даден одговор дека тоа место е зафатено, информираат од ова Јавно претпријатие.

Додаваат дека службено со обратиле и до СВР Охрид за да се заврши овој случај и да не се дезинформира јавноста на ваков брутален и недостоинствен начин.

– За време на викендот до самото гробно место е поставен бетонски крст (на гробиштата на повеќе места има такви крстови) од Н.Н. лице. Тоа е сторено од крајно малициозни побуди, поради поголема сензација, а и оцрнување на мојата личност како човек и раководител, но и на партијата чиј кадар сум. Овој настан е пријавен во СВР Охрид, стои во писмената реакција испратена од Татјана Дамјановска, в.д. директор на ЈП „Градски гробишта“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука