август 13, 2019

Струмица, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиноски вечерва ќе биде специјален гостин на Strumica Open Festival 2019.

Во рамки на фестивалот од 11-ти август се одржа традиционалната Летна школа за гитара со м-р Васко Пиличев и Дамјан Пејчиноски. По тридневните предавања со двајцата предавачи, на сцената кај Чешмичката ќе се одржи завршен целовечерен концерт на гитари.

Пејчиноски вири електрична и акустична гитара, специјализиран за многу музички стилови меѓу кои gypsy jazz, jazz fusion, blues, rock, country, traditional и многу други.

Инаку, неодамна Дамјан Пејчиноски оствари фантастична соработка со Filippo Dall’Asta на гитара и Toby Medland на виолина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука