Копенхаген, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Данската полиција го уапси третото лице кое е осомничено за соучество во двата напади во главниот град Копенхаген, кои се случија на 14 февруари, кога загинаа двајца цивили.
Другите двајца биле уапсени набргу по нападот, потсетува АФП.
Во првиот напад чија цел беше едно кафуле во Копенхаген, бил убиен 55-годишен маж, а беа повредени тројца полицајци, а вториот напад се случил пред синагога, каде загинаа 37-годишен маж и двајца полицајци беа повредени.
Осомничениот напаѓач Омар Ел Хусеин, со палестинско потекло, беше убиен еден ден по засилената полициска потера во Норебру, дел од Копенхаген во близина на местото на нападите. (Крај)
извор: АФП фото: архива
Прочитано: 35