Охрид, 19. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дарко Андонов, познат како ДААН ја промовираше својата нова песна „Судена“.
Станува збор за новото дело на младиот текстописец, аранжер и продуцент кој е зад микрофонот повеќе од 20 години со повеќе песни кои се изведувани на фестивали, настани или преку ТВ и радио станиците.
– Песната е во диско ритам со модерни примеси, вели Дарко.
Тој е комплетен автор на новата песна во соработка со Кире Јакимов и Миле Наумовски, кои помогнаа за мастерингот, музиката и аранжманот на песната. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 75