Дац и Александар Митевски празнично, заедно со Виолета Томовска во „Заиграј со мене“
јануари 7, 2025

Охрид, 7. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Популарните Дац и Александар Митевски ги направија овие празници уште повесели со нивната најнова соработка со кралицата на македонската песна, Виолета Томовска.

Станува збор за преработка на нејзината легендарна нумера „Заиграј со мене“, незаборавно дело на музика на Милан Завков и текст на Виолета Томовска.

Новиот аранжман за оваа верзија го направи Александар Митевски, а во изведбата учествуваа и Мишел Трајковски со својата хармоника, Таше Грујовски и Бобан Василески на гитари и Диме Танчев на труба.

– Во чест и сеќавање на големиот Милан Завков и претстоечкиот 80-ти роденден на нашата Виолета Томовска, уживајте и споделете ја со слушателите оваа нова верзија – за убаво предновогодишно расположение, порачаа Дац и Александар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука