мај 8, 2024

Скопје, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

– На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со UV ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Тие места се  0838/1 во Кочани, 1252 во Охрид, 1100 во Куманово, 1977 во Тетово, 2225 во Тетово и 2544 во Гази Баба, информира Даштевски.

Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право, и само три од нив се одбиени.

Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале 4,45%. Според податоците на ДИК, најголема излезност има во Пробиштип, а најмала излезност за парламентарните избори има во Боговиње (1,43%).

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.

Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука