март 5, 2015

Битола, 5. март 2014 (ОХРИДПРЕС) – Се замолуваат граѓаните да донираат средства за помош на Жарко Јовичиќ од Битола.

Жарко има 23 години. Пред 8 месеци неочекувано го загуби видот на левото око. После еден лекарски преглед му беше дијагностиран параназален рак. Итно беше направена критична операција, со која за среќа се отсрани поголемиот дел од туморот. Оттогаш тој е на постојана терапија, а минатата недела му беше кажано дека ќе има потреба од уште една критична операција на главата.

Потребна е итна операција која чини 8.000 американски долари и додатни финансиски средства за после терапијата, кои тој и неговото семејство ги немаат. За жал, овој вид операција на рак не е покриен од здравственото осигурување.

Донации од Македонија:

Банка: Стопанска Банка Скопје

Сметка: 200002240643053

Меѓународни донации:

Swift: stobmk2x

Bank: Stopanska banka AD Skopje

Iban: 07200002738638240

извор: Факултети фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука