Охрид, 20. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани уште еднаш започнуваат акции за помош на 12-годишната Ева од Охрид која боледува од тумор на мозокот, Pilocytic Astrocytoma.
– Потребно е во текот на февруари 2020 година, таа да замине на радио-терапија во Турција, која заедно со приемните прегледи чини 18.500 евра. Родителите на Ева не се во можност да ги обезбедат потребните средства, па затоа да ја покажеме уште еднаш сите заедно нашата хуманост и да помогнеме, порачуваат организаторите на акцијата.
Сите хумани луѓе можат да помогнат со донации на следните начини:
– жиро сметка за донации од Македонија: 240127104572478, УНИ Банка, Зоран Колоски
– за донации надвор од Македонија: IBAN: MK7240127104572478 (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 75