Лондон, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Секојдневната употреба на парацетамол може да го зголеми ризикот од срцев удар и мозочен удар.
Според едно истражување, луѓето кои го земаат лекот долго време, ја зголемуваат веројатноста за прерана смрт за 63%.
Покрај тоа, кај нив ризикот од инфаркт или мозочен удар е за 68% повисок. Веројатноста да добијат чир или крварење во желудникот е со речиси 50% поголема.
Парацетамолот се смета за побезбеден од аспиринот, но може да предизвика гастроинтестинални крварења. (Крај)
извор: бгнес фото: архива
Прочитано: 28