Бостон, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Докторите од Институтот за биологија“ во Валтам, близу американскиот град Бостон, ги истражувале промените на оранизмот во текот на денот.
Луѓето не треба да се изненадени кога во одреден период од текот на денот не се чувствуваат способни за работа или концентрација.
Најголемиот дел од работните обврски, и оние кои бараат најмногу психичка подготвеност треба да се завршат до пладне.
Потоа се препочарува поголема пауза од околу еден или два часа, во која влегува и обилен ручек.
Околу 14:30 часот, човечкиот организам е подготвен за најдобра координација, кога следи вториот блок на интензивни работни обврски. Доколку се работи до доцна попладне, потребен е одмор околу 17 часот, а потоа организмот без проблеми би функционирал се до вечерните часови. (Крај)
извор: boston.com фото: архива