јули 14, 2019

Охрид, 14. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа, денес регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат на 220 km јужно од Скопје во соседна Грција и потекнуваат од епицентралното подрачје Козани.

– Првиот земјотрес беше регистриран во 12:50 часот со Рихтерова магнитуда 5.0, а вториот во 12:59 часот со Рихтерова магнитуда 4.0. Првиот беше почувствуван и од населението на нашата Република, особено во југозападниот дел и тоа во Охрид, Струга, Битола и Ресен со интензитет IV степени според Европската макросеизмичка скала. Во Кичево и околината со интензитет од III-IV степени, а во Скопје и дел од источниот дел од Републиката со интензитет од III степени. Вториот земјотрес беше почуствуван во Битола и околината со интензитет од III степени според истата скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука