Скопје, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – За сите љубители на латино и кубанските звуци, салса и румба, македонската изворна песна, на 4-ти и 5-ти март, Тумбао Салса Бенд ќе одржи два големи концерти во Универзална Сала во Скопје.
Членовите на бендот најавуваат весела атмосфера и интересни гости за време на концертите.
Кубанците Азафран Микс, кои се исклучително талентирани музичари кои одлично звучат заедно со Тумбао Салса Бенд, ќе бидат специјални гости и на двата концерта.
Картите се по цена од 350 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22