Струга, 9. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два случаи на закани и агресивно однесување во Струга.
На 8-ми јануари 2025 година, во 14:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 42-годишно лице од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46-годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 8-ми јануари 2025 година, во 13:20 часот во струшко село, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 49-годишно лице, постапувајќи по претходна пријава дека со работен алат се заканувал на членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес