Струга, 25. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два случаи на физички напади случени во Струга во текот на изминатите два дена.
На 23-ти октомври 2024 година, во 17:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на 22-ри октомври 2024 година, околу 14:00 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, едно лице физички нападнало малолетник од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24-ти октомври 2024 година, во 10:30 часот на кеј „8-ми Ноември“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиja од слобода 50-годишно лице од струшкото село Лабуништа, кој во деловен објект во Струга физички нападнал две лица од селото Лабуништа. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес